Биковите ја скротија Волчицата, сега и Лигата на Европа е далеку за Рома (видео)

Рома загуби на гостувањето кај Торино со 3-1, а деветтиот овосезонски пораз во Серија А ја оддалечи Волчицата од евентуален пласман во Лигата на шампионите, па дури и местото кое води во Лигата на Европа засега е далеку за тимот од Рим.

Мајорал во третата минута ѝ донесе водство на Рома, меѓутоа составот на Фонсека потполно потфрли во второто полувреме и прими два гола за околу 15 минути.

Израмнувачкиот гол на Санабрија дојде во 57-та минута, па Заза на лесен начин го комплетираше пресвртот во 72-та минута со кој Торино се одлепи од екипите кои се борат за опстанок во италијанската елита. Црвениот картон на Дијавара во финишот беше дополнителен знак дека Рома ќе остане без бодови во оваа средба, a тоа го потврди и Ринкон со голот за 3-1 во судиското надополнување.

https://streamable.com/z8fr5w

Рома по 31 натпревар стои на седмото место со 54 бода, четири помалку од Лацио, односно пет бода помалку од петтопласираниот Наполи. Торино стигна до 15-тата позиција на табелата со 30 бода, исто колку што имаат Фиорентина и Беневенто.

- Оглас -

Најнови вести