Биковите во луда завршница ја победија Атланта, прокоцкаа 18 поени предност, а победничкиот кош го дадоа во последната секунда (Видео)

Кошаркарите на Чикаго булс и Атланта хоукс го одиграа најнеизвесниот натпревар во НБА утринава, а победата ја однесоа Биковите кои славеа со 110:108. Чикаго прокоцка предност од 18 поени и во финишот се случуваше вистинска драма.

На четири секунди до крајот, при резултат 108:108, Демар Дерозан имаше шут за победа на Чикаго и не беше прецизен, но топката дојде до Ајо Досунму, кој на 0.1 секунда до крајот ја смести во кошот за триумф на Биковите.

Дерозан со 28 поени беше најдобар кај Чикаго, додека Тре Јанг ја предводеше Атланта со 34 поени.

Главниот конкурент на Никола Јокиќ за МВП признанието, Џоел Ембид, со 22 поени и 10 скока ја предводеше Филаделфија до триумф од 113:93 над Детроит.

Неверојатен натпревар одиграа Кливленд и Милвоки, кој му припадна на домашниот тим со 114:106. Дилемите околу победникот беа решени во првото полувреме во кое Кливленд дојде до предност од 20 поени, но навивачите можеа да уживаат во одличниот дуел меѓу Донован Мичел и Јанис Адетокумбо. Јанис средбата ја заврши со 45 поени и 14 скока, додека бекот на Кливленд уфрли 36 поени.

Шампионот Голден стејт вориорс продолжува со очајните игри на гости и без својот најдобар играч Стеф Кари доживеа дебакл против Бруклин. Мрежичките славеа со 143:113. Мизеријата продолжува и за ЛА лејкерс, кој е поразен од Сакраменто кингс со 134:120.

Резултати: Кливленд – Милвоки 114:106, Филаделфија – Детроит 113:93, Атланта – Чикаго 108:110, Бостон – Индијана 112:117, Бруклин – Голден стејт 143:113, Њујорк – Торонто 106:113, Хјустон – Орландо 110:116, Минесота – Далас 99:104, Оклахома сити – Портланд 101:98, Сакраменто ЛА лејкерс 134:120, ЛА клиперс 126:105.

- Оглас -

Најнови вести