Бил ѕидар, работел во продавница, до пред четири години играл за аматери, а сега е капитен на Јувентус

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус победнички ја започна новата сезона во Серија А откако со 3:0 славеше над Комо. Освен новиот стил на игра со новиот тренер Тијаго Мота, Јувентус има и нов капитен во името на Федерико Гати.

Гати е 26-годишен дефанзивец кој до пред само неколку години воопшто не бил во планови да игра на највисоко ниво, а сега е капитен на Јувентус.

Гати имал тежок пат во животот. На 17 години морал да го напушти училиштето за да работи и да помогне финансиски во фамилијата откако татко му останал без работа. Федерико работел како ѕидар, поправал кровови, потоа работел и во маркет. Како дете започнал да тренира и фудбал, но бил дел од аматерски екипи.

Играше за тимот на Про Патрија, кога во 2021 година направил трансфер во Фрозиноне, во тим кој игра во Серија Б. Тогаш започнува неговиот подем. Само по една сезона, Јувентус го препознава неговиот квалитет и го носи во составот. Во претходните две сезони одигра вкупно 64 меча, а постигна и шест гола, иако игра како дефанзивец.

Некои го споредуваат со легендарниот Џорџо Кјелини, а Гати покажува дека е виситински лидер на тимот, па затоа и ја носеше капитенската лента на дуелот против Комо.

- Оглас -

Најнови вести