Билбао можеби конечно ќе даде гол, ама ќе загуби

Валјадолид – Леганес (фудбал, Шпанија, 19.00 часот)

Валјадолид е во голем пад, два месеци не знае за победа во Лигата, а Леганес се крева, бега од зоната на испаѓање и во последните три кола освои дури седум бода. Леганес во минатата сезона победи со 4-2 на гостувањето кај Валјадолид, но во последно време Валјадолид дома игра неефикасни мечеви и не треба да се очекуваат премногу погодоци.

Предлог тип: Х (2.80)

 

Севилја – Атлетик Билбао (фудбал, Шпанија, 21.00 часот)

Третопласираната Севилја ќе сака во новата година да влезе како победник, а Билбао во 2019 на последните два меча не даде гол и ќе сака барем да реализира погодок. Домашните се фаворити, а последните четири меѓусебни дуели на овие тимови во Севилја завршиле со 0-2 гола и секогаш едниот тим не давал гол. Андалузијците ќе бидат без суспендираниот лев бек Регилон.

Предлог тип: 1 & 2-3 (3.15)

 

Бордо – Ле Ман (фудбал, Франција куп, 20.55 часот)

Куп-мечевите знаат да бидат многу непредвидливи и да носат изненадувачки резултати. Во Франција се случувале шокови, но на Бордо му треба победа за враќање на самодовербата. Бордо нема победа уште од 3 декември наваму, но вечерва не би смееле на свој терен да имаат проблем против второлигашот, особено ако настапат со најдобриот состав.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.20)

 

ЦСКА Москва – Панатинаикос (кошарка, Евролига, 18.00 часот)

Грчкиот тим има три порази на последните четири меча, ЦСКА има три триумфи на последните четири дуели, но на ПАО му бега само две победи. Московјаните се тим со најмалку примени поени на свој терен. Панатинаикос лани славеше во Москва, а пред тоа девет години не знаеше за победа во главниот град на Русија. ЦСКА дома не загубила од 30 октомври.

Предлог тип: <170.50 (1.63)

 

Валенсија – Алба (кошарка, Евролига, 21.00 часот)

Валенсија игра дома на свој терен, има серија од осум победи едноподруго кога била во улога на домаќин, од кои пет во Евролигата. Во Валенсија паѓаа и посилни тимови од берлинските Албатроси. Алба никогаш не победила во Валенсија и најчесто примала од 85 до 89 поени, а никогаш не дала повеќе од 80. Германскиот тим има само една гостинска победа во Евролигата, и тоа во Атина по продолжение.

Предлог тип: 1-1 (1.75)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Валјадолид – Леганес 1Х & 2-4 (2.55)

Бордо – Ле Ман 1 & 2-4 (2.20)

Севилја – Атлетик Билбао Т1 1+I & Т1 2+ (2.50)

- Оглас -

Најнови вести