„Билд“: Клоп се враќа!

Фудбалскиот директор на компанијата Ред Бул, Јирген Клоп, би можел да се врати на тренерската клупа и да стане селектор на германската репрезентација, објави најпознатиот спортски весник во Германија, „Билд“.

Според „Билд“, преземањето на Реал Мадрид не е опција, иако се шпекулира дека Клоп е прв на листата на желби на Кралскиот клуб за следната сезона.

Актуелниот германски селектор Јулијан Нагелсман има договор со федерацијата до 2028 година, но Клоп би можел да ја преземе екипата уште ова лето по завршувањето на Светското првенство. Ако Германија направи лош резултат на Мундијалот, можно е да се разделат со Нагелсман и да го ангажираат Клоп. Германската фудбалска федерација веќе го контактирала Клоп, откри неговиот агент Марк Козике. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести