„Фантомски“ пенал го спаси Арсенал против Леверкузен (Видео)

Баер Леверкузен и Арсенал одиграа 1-1 во интересно осминафинале од Лигата на шампионите.

Лондонските Топчии беа перфектни во лигашката фаза, кога не губеа во ниту еден момент, но сега во нокаут-фазата се сопнаа во првиот меч на којшто имаа негатива од 0-1. Од пораз се спасија во 90-тата минута по еден спорен пенал.

Каи Хаверц имаше прво враќање на „Бај арената“, која ја напушти во 2020 година, кога од Баер се пресели во Челзи, а сега е член на Арсенал и го реализира пеналот. Не се радуваше, но дали имаше пенал, проценете сами откако ситуацијата ќе ја погледнете ТУКА.

Голот за водство на бундеслигашот беше дел на Андрих и тоа во стилот на Арсенал, со глава по изведен корнер. Германците се шегуваа пред мечот дека е забрането да се изведуваат корнери, но да немаше корнери, ни тие немаше да дадат гол.

- Оглас -

Најнови вести