„Билд“ открива: Украинците се степале во соблекувалната по поразот од Романија

Романија го совлада фаворитот Украина со 3:0 во првиот натпревар од ЕВРО 2024. Селекторот Сергеј Ребров и неговите фудбалери беа очајни по натпреварот, а тоа доведе до тепачка во соблекувалната.

Репортерите на „Билд” открија дека имало жешка средба на која селекторот Сергеј Ребров не присуствувал, бидејќи голманот Андриј Лунин и Олександр Зинченко од Арсенал го избркале од соблекувалната. Информациите се дека дошло до тепачка меѓу украинските играчи.

Ребров беше директен на прес-конференцијата и ја префрли вината врз фудбалерите за поразот. Селекторот даде до знаење дека неговите ѕвезди не дале сè од себе за да ја победат Романија.

„Ние ја претставуваме Украина на овој турнир, ова е важен момент за целата нација. Играчите добиваа пораки, вклучувајќи и од воени лица. Секој играч треба да го даде најдоброто од себе. Ако не го направат тоа, ќе биде тешко. Не е важно кој е фаворит. Она што го претставувате е вашето лице. Не е важно дали било вчера или минатата година. Не го достигнавме нашето ниво, треба сериозно да се подготвиме за следниот натпревар.

Сигурен сум дека играчите жалат за тоа. Им реков дека претставуваат една голема и силна земја, која повеќе од две години се бори за нашата слобода, за сите нас. Тие не дадоа сè од себе и затоа загубивме. Се извинувам за поразот“, изјави Ребров.

- Оглас -

Најнови вести