Интер и Барселона ќе играат во полуфиналето од Лигата на шампионите. Овој меч ќе биде реприза на пресметката во 2010 година, кога истиве две екипи играа во истата фаза од елитното натпреварување на УЕФА.
Првиот дуел ќе се игра во Барселона на 30 април, а ревашот е на 6 мај во Милано. Билети веќе нема за двата меча, иако воопшто не беше евтино да се купи од парчето хартија кое ви обезбедува место на трибините.
Оние кои ревносно ги следат случувањата во Лигата на шампионите извадија податок дека за дуелот во 2010 година меѓу Интер и Барселона на „Џузепе Меаца“, можело да се најде билет и за цена од 22 евра. Е сега, 15 години подоцна, на истиот стадион играат истите две екипи во истата фаза на истото натпреварување, а цената на билетот за местото на трибините кое вредело 22 евра, сега чини дури 120 евра.
Ова значи дека цената на билетот за истото место пораснала за неверојатни за 545 проценти во овие 15 години. Едноставно, Лигата на шампионите стана луксуз само за богатите.