Од Фудбалската федерација на Македонија информираат дека билети за мечот помеѓу Македонија и Велс ќе може да се купат и денес на билетарницата на Националната арена „Тодор Проески“ од 10 до 18 часот.
Досега се продадени над 20.000 билети, па Македонија ќе има голема поддршка од трибините, а сите средства кои ќе бидат собрани од продажбата на билетите ќе бидат наменета за настраданите од големата трагедија која се случи во Кочани.