Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, и директорот на репрезентацијата, Горан Пандев, дадоа позитивен пример и купија 300, односно 100 билети за утрешниот натпревар против Велс во Скопје.
Продажбата на билетите оди одлично и трибините ќе бидат полни, а приходот ќе оди за настраданите во трагедијата во Кочани.
Омерагиќ купи 300 билети, Пандев од свој џеб купи 100 билети, а од ФФМ апелираа праксата на гратис билети кога станува збор за фудбалската репрезентација на Македонија да престане и да биде искоренета.
Од друга страна, ФФМ испрати повик до сите основни училишта во земјава со цел дечињата организирано да дојдат на трибини и бесплатно да го следат мечот.