Ракометниот клуб Вардар 1961 објави дека се пуштени во продажба билетите за мечот против германски Рајн Некар Левен, кој се игра на 26-ти август во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, со почеток во 19 часот.
Тоа е прв натпревар од квалификациите за влез во групната фаза во Европската лига на ЕХФ.
Продажбата на билетите ќе се врши онлајн на https://mktickets.mk/event/var_rnl/ и преку продажната мрежа на МкТикетс. Цената на билетите се движи од 200 до 300 денари, во зависност од блокот.