Славен Билиќ е блиску до клупата на Олимпијакос, тврдат повеќе грчки медиуми. Хрватскиот стратег треба да го наследи Педро Мартинс на клупата, кој е пред отказ по елиминацијата од Макаби Хаифа во квалификациите од Лигата на шампионите.
Мартинс веќе четири години успешно работи во Пиреја и е клупски рекордер со 15 победи во сите европски натпреварувања, но сепак наиде на проблеми по катастрофата во ЛШ. Управата планира да го смени, Билиќ е прв кандидат, а се споменува и името на Роберто Де Церби како опција, екстренерот на Шахтар.
Билиќ инаку е без работа по отказот од Пекинг Гуан во јануари годинава, додека последен пат на Балканот работеше како селектор на Хрватска. Во меѓувреме ги водеше екипите на Локомотив Москва, Бешикташ, Вест хем, Ал-Итихад и Вест Бромвич Албион.