Пресметката на ВБА и Астон вила е еден од поинтересните мечеви во денешната фудбалска понуда, а според квотите на денот на обложувалниците Sport Life, и на овој дуел како и на првиот, би требало двата тима да постигнат гол. Сплитскиот Хајдук е фаворит кај Рудеш, а интересно ќе биде и во Шкотска. Како додаток, додадовме по еден предлог од мечеви во шведската и чешката лига.
Вест Бромвич албион – Астон вила (21.00 часот)
Откако првиот меч го доби Астон вила со пресврт и победа од 2-1, сега ВБА на свој терен има прилика да му се реваншира на градскиот ривал. Победникот оди во финалето за влез во Премиер лигата, кое се игра на „Вембли“. Вила на гости кај ВБА не победила 11 години. Албион е опасен домаќин сезонава, често дава два или повеќе гола.
Предлог тип: ГГ & 3+ (2.15)
Инвернес – Данди јунајтед (20.45 часот)
Ова е прв меч од двобојот за пополнување на шкотската Премиер лига. Гостите од Данди се фаворити и може уште на првиот меч да обезбедат пред реваншот. Данди јунајтед неодамна, на 20 април гостуваше кај Инвернес и славеше со 2-0, па домашните вечерва ќе се обидат да го возвратат ударот.
Предлог тип: Х2 & ГГ (2.35)
Рудеш – Хајдук (19.00 часот)
Сплитски Хајдук не смее да ја испушти шансата да освои три бода во трката за местата кои водат кон излез на европска сцена. „Билите“ се фаворити пред гостувањето кај фенерџијата Рудеш, кој победи во минатото. Сезонава овие два тима се сретнаа трипати и Хајдук извојува три убедливи триумфи со два или три гола разлика. На гостувањето во Загреб, Хајдук славеше 4-1.
Предлог тип: 2 & 2-4 (2.05)
Хамарби – Естерсундс (19.00 часот)
По осум кола, Хамарби е трети на табелата откако по лошиот старт, со ефикасна игра доби четири од последните пет средби. Естерсундс е шести и во досегашните осум кола дури четири пати играше нерешено. Традицијата е на страна на гостите, па затоа треба претпазливост при типувањето.
Предлог тип: ГГ & 3+ (2.02)
Бањик Острава – Либерец (20.00 часот)
Иако се во топ 6, ниту едните, ниту другите немаат шанса за титула, а нема да играат ни во еврокуповите. Острава има три порази по ред, а Либерец во последните три кола освои само еден бод. Средбата повеќе е за престиж, гостите со победа би му го препуштиле последното место на тимот од Острава. На 3 април, Острава со 2-1 по продолженија го елиминираше Либерец од Купот.
Предлог тип: Х (3.00)