Црвена ѕвезда на свој терен направи „од готово-вересија“, Фиорентина се посрамоти, но оди понатаму

Францускиот Лил победнички си заминува од гостувањето во Белград откако успеа да ја елиминира Црвена ѕвезда во плејофот за пласман во осминафиналето на Лигата на Европа. Лил славеше со 2:0 на стадионот „Рајко Митиќ“, и тоа во меч кој траеше 120 минути.

По регуларните 90 минути, гостите имаа предност од 1:0 благодарение на голот на искусниот Оливие Жиру постигнат уште во петтата минута. Со тој гол Лил ја анулира негативата од 0:1 што ја имаше од пред седум дена на свој терен.

Бидејќи немаше промена на резултатот до 90-тата минута и вкупниот резултат по 180 минути игра беше 1:1, мораше да се играат продолженија. Во дополнителните 30 минути Лил повторно се израдува на погодок. Нгој, кој во игра влезе во 94-тата минута, даде гол за 2:0 во 99-тата минута и на крајот тој погодок се покажа како клучен за конечен триумф на францускиот тим.

И италијанскиот калчолигаш Фиорентина мораше да игра 120 минути, а на крајот оди понатаму, но во Конференциската лига на УЕФА. Фиорентина со 3:0 победи на првиот меч против Јагиелонија на гости и нестварно делуваше дека Виолетовите може да испаднат.

Сепак, гостите во Фиренца одиграа одлично и по 90 минути имаа неверојатна предност од 3:0, што значеше вкупни 3:3 во двомечот, па мораше да се играат продолженија. Во дополнителните 30 минути италијанскиот тим конечно заигра како што треба и преку Фањоли и Кин постигна два гола за 2:4. Да не заврши драмата до крајот се погрижи Имаз, кој постигна и четврти гол за Јагелонија, но гостите од Полска и покрај овој херојски меч, на крајот се елиминирани.

Најнеизвесно беше во П’лзењ, каде што домашниот тим и Панатинаикос одиграа 1:1 по 120 минути игра. По првиот меч резутатот беше 2:2, па по вкупните 3:3, мораа пеналите да го дадат патникот во следното коло од Лигата на Европа.

Во пенал-рулетот, Панатинаикос беше подобар со 4:3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести