Чудна казна од 25 илјади долари му одреди раководството на НБА лигата на вицешампионот Феникс санс, а причината е што Сонцата не информирале навреме и според строгите протоколи дека Девин Букер ќе игра на шестиот меч од плејоф серијата против Њу Орлеанс.
Букер беше повреден и не играше од вториот меч во првото плејоф коло, но се врати на паркетот за мечот што го доби Феникс со 115:109 и победи во серијата со Њу Орлеанс со 4:2.
Од НБА дури објавија и соопштение, со кое се обидоа да објаснат зошто е казнет вицешампионот, но тоа наиде на исмевање и остри критики од фановите на најсилната кошаркарска лига на светот.
Феникс објави на денот на одигрувањето на шестиот меч против Њу Орлеанс дека Букер ќе игра.
The following was released by the NBA. pic.twitter.com/LyCYd1yLV8
— NBA Communications (@NBAPR) April 30, 2022
Букер ќе игра за Феникс во второто плејоф коло против Далас маверикс во Западната конференција, а тимот ќе мора да ја плати казната од 25 илјади долари.
Серијата ќе почне на 3. мај, а Феникс ќе има предност на домашен терен, односно ќе игра меч повеќе во својата арена во серија што треба да заврши најмногу во 7 меча и се игра до четири победи.