28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Битката за тоа кој ќе заврши втор во генерален пласман е најважна на последната трка во Ф1

Актуелниот првак во Формула 1 шампионатот, Макс Ферстапен ќе стартува од челната позиција на патеката за големата награда на Абу Даби, која е последна за оваа сезона. Ферстапен уште на минатата трка покажа дека нема да му попушта на никого, па дури ни на тимскиот колега Серхио Перез кој е во трка за второто место во генералниот пласман.

Перез има 290 бодови исто колку што има и Леклер, но Мексиканецот мора во Абу Даби да заврши пред возачот на Ферари, ако сака на крајот да биде втор во генерален пласман.

Оваа трка ќе го одбележи и последното возење на некогашниот четирикратен првак Себастијан Фетел.

Во Sport Life има преку 120 различни игри за обложување на последната трка за оваа сезона во Ф1 шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести