Битола вечерва ќе слави: Пелистер осмипат е шампион на Македонија!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер успеаја да го одбранат трофејот и втора година по ред, а вкупно осмипат во историјата се шампиони на Македонија. Битолчани попладнево на домашен терен го совладаа Алкалоид со 32-28, со што му се одмаздија за поразот во финалето од Купот на Македонија, а воедно и ја задржаа предноста од два бода пред скопски Вардар.

Битолчани во поголемиот дел од мечот против Алкалоид диктираа темпо и го имаа резултатот во своја корист. Гостите од Скопје имаа предност само на почетокот од мечот, а во продолжение постојано беа во резултатски заостаток. Еурофарм Пелистер на полувремето имаше предност од високи +5, 18-13, па прославата на титулата веќе започна на трибините, но сепак, во второто полувреме Алкалоид успеа само да го намали резултатот за еден гол.

Ракометарите на Вардар сезоната ја завршија со победа на гостувањето кај Бутел од 25-31, но на крајот се покажа дека овој натпревар немаше резултатско значење. Вардар останува најтрофеен со 15 титули шампион на Македонија, Пелистер е втор со осум, Металург има шест, додека по еден трофеј имаат Борец и Преспа.

Конечен пласман: 1. Еурофарм Пелистер, 2. Вардар, 3. Алкалоид, 4. Охрид, 5. Тиквеш …

- Оглас -

Најнови вести