Неверојатни информации пристигнуваат од Сенегал. Тамошната фудбалска федерација направила бизарна грешка, по што репрезентацијата нема да смета на офанзивецот на Интер, Балде Кеита за претстојните репрезентативни обрвски.
Имено, поканата која требала да стигне на електронската адреса на Интер била испратена на погрешно место, па Кеита не се појавил на собирот на репрезентацијата. Кога на крајот ја виделе грешката, веќе било доцна да се реагира, бидејќи од таборот на Интер поставиле рок кој мора да се почитува кога се повикуваат фудбалерите за обврските со националниот состав.
Кеита остана во Милано, па Сенегал за квалификацискиот меч против Екваторска Гвинеја за Африканскиот куп ќе биде без офанзивецот. Сепак, неговото отсуство не е проблем за Сенегал бидејќи тие веќе го обезбедија своето учество за континенталното првенство, а и нивниот напад нема многу да страда бидејќи поседуваат квалитети пред сѐ како Садио Мане, а тука е Мбаје Нијанг, напаѓачот на француски Рен.