Бизарно: Членската карта „открила“ кога точно ќе почине Папата !?

На 88 години вчера наутро почина Папата Франциск. Цели 12 години тој беше на чело на Римокатоличката црква. Уште како надбискуп во Аргентина, Франциск отворено кажувал дека на фудбалски план негов омилен клуб му е Сан Лоренцо.

Папата дури имал и членска карта како фан на Сан Лоренцо извадена во март 2008 година. Аргентинците се многу горди што токму Франциск беше првиот Папа од Јужна Америка, а посебно горди беа сите оние кои навиваат за Сан Лоренцо затоа што и Франциск беше нивен поддржувач.

Тоа што е помалку неверојатно е дека во Сан Лоренцо веруваат дека токму членската карта на Папата ја предвидела неговата смрт. Бројот на членската карта на Папата Франциск е 88235, а бројките имале посебно толкување.

Бројот 88 е бројот на годините што ги имаше папата кога почина, а 235 се броевите кои го покажуваат часот на неговата смрт. Папата почина во 7:25 часот наутро според италијанско време, односно 2:35 часот според аргентинско време.

- Оглас -

Најнови вести