Бјелица доби постер од Леброн за спомен, Дејвис со блок ги оневозможи Кралевите (видео)

ЛА лејкерс дојдoa до 10-тата победа сезонава откако на домашен терен избраниците на Френк Вогел го надиграа Сакраменто кингс со минимални 99:97. Езерџиите доста се намачија за да го одржат победничкиот ритам бидејќи кошаркарите на Сакраменто беа мотивирани да направат изненадување во „Стејплс центарот“.

Сепак, главните ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис не дозволија нивната публика да се разочара, па затоа и двајцата беа на високо ниво и го предводеа тимот до новиот успех. Џејмс за 38 минути оствари дабл-дабл од 29 поени и 11 асистенции, во текот на мечот го „почасти“ Србинот Бјелица со постер и немилосрдно заби преку него.

Но, одлучувачкиот потег кој ја донесе победата на Лејкерс го имаше Дејвис. На пет секунди до крајот, Кингс имаа напад за израмнување, односно победа, Барнс одлучи да оди на положување, но во рекетот наиде на Веѓата кој му го блокираше шутот и го задржа водството за домаќините. Дејвис мечот го заврши со 17 поени и четири блокади. Кај поразените, Бади Хилд со 21 поен беше најрасположен играч.

https://twitter.com/TheRenderNBA/status/1195582125241720832

До 10-тата овосезонска победа стигна и  Бостон селтикс по триумфот од 105:100 на гостувањето кај десеткуваниот Голден стејт.

Останати резултати од НБА лигата:

Шарлот 109:106 Детроит, Орландо 111:109 Сан Антонио, Хјустон 111:102 Индијана, Мемфис 107:106 Јута, Минесота 116:137 Вашингтон, Оклахома 127:119 Филаделфија.

- Оглас -

Најнови вести