Динамо е тимот кој е трагичар во четвртото коло од Лигата на шампионите. Хрватскиот тим имаше водство од 3:1 до 92-рата минута против Шахтар, но на крајот мечот на „Максимир“ заврши 3:3. Пред понатамошните возбудувања во групната фаза, ова е резултат кој многу повеќе им одговара на гостите.
Тренерот на Динамо, Ненад Бјелица, не можеше да верува дека неговиот тим со два примени гола во судиското надополнување остана без победа. Посебно разочарување беше погодокот за 3:3, кој беше постигнат од пенал во 98-мата минута. Судијата Феликс Брих побара помош од ВАР-технологијата за да се увери дека имало пенал за Шахтар.
„Заслуживме да победиме, бевме подобри. Им честитам на момците. При првиот примен гол лошо бевме поставени на теренот. Мислевме дека Шахтар ќе нападне по средината, а тие нѐ развлекоа по страничните делови. Потоа ја сменив формацијата во 4-2-3-1. Што се однесува за пеналот, секогаш сум велел дека ВАР е обично ср*ње. Тоа е циркуз. Погледнете каков циркуз е во Англија. А пак во Италија е најголем циркуз со ВАР! ВАР треба да се укине“, нервозно велеше Бјелица по ремито на Динамо против Шахтар.
Спорната ситуација која ја скрати радоста на Динамо може да ја погледнете ТУКА.