Погреши ли Брих? Пенал што може да го исфрли Динамо од ЛШ (Видео)

Динамо Загреб прокоцка предност од 3:1 на неверојатен начин, а дали и германскиот судија Феликс Брих погреши во 98-мата минута, е прашање што долго ќе ги мачи Аријан Адеми и неговите соиграчи.

Со голот на македонскиот репрезентативец во 89-тата минута Динамо поведе со 3:1 и беше на прагот на голем триумф за приближување до пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, но потоа му се случи нешто што ретко се гледа.

Жуниор Мораес намали на 3:2 со гол во 93-тата минута, а во последните моменти Брих досуди пенал за Шахтар. Германецот го консултираше и ВАР, но остана на одлуката да има пенал за гостите, па Тете искористи, погоди и му донесе голем бод на украинскиот првак.

https://www.youtube.com/watch?v=mdX2LfU-arQ&fbclid=IwAR34ubVZl124CrZJRxMGDKFBMgkziSNGMJTHL1IksGSSfmtz6mJWIEypyxg

Ситуацијата сега се менува од корен бидејќи Динамо и Шахтар имаат по 5 бода на две кола до крајот, но сега загрепчани имаат полош меѓусебен скор со Украинците по ремито 2:2 во Харков и вечерва со 3:3 на „Максимир“. Тоа може да биде одлучувачко која ќе биде втората екипа од групата што заедно со Манчестер сити ќе оди понатаму во нокаут-фазата.

Сите голови и спорниот момент погледнете ги ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести