Бјелса: Убавината на фудбалот е што може слабите да ги победат моќните

Од синоќа, главна тема во светот на спортот е новата фудбалска Суперлига која треба да заживее од уште од следната 2021/2022 сезона, лига која ја заговараат челниците на најголемите клубови. Во таа Суперлига ќе има 20 тима, од кои 12 се познати, а два тима (веројатно Монако и Лион) би требало да има има од Франција, па остануваат уште осум слободени места.

Оваа одлука најтешко им падна на челниците на УЕФА бидејќи Лигата на шампионите ќе загуби смисла и веќе нема да биде најсилно клупско натпреварување, а прашање е како ќе играат домашните првенства.

Тренерот на Лидс, Марсело Бјелса, пред вечерашниот меч со Ливерпул ја искоментира Суперлигата во која би играле и Црвените. Суперлигата ќе донесе атрактивни натпревари, но ќе се загуби убавината на фудбалот.

„Една од причините зошто фудбалот е најпопуларен спорт на светот е затоа што слабите може да ги победат моќните“, искоментира Бјелса.

 

- Оглас -

Најнови вести