На пливачкиот турнир на Летните олимписки игри, македонската пливачка Миа Блажевска-Еминова настапи на патеката 100 метри слободен стил. Блажевска-Еминова во Токио дојде со вајлд карта, па според времето е меѓу оние кои се далеку од освојување на медал.
Сепак, македонската пливачка во групата во којашто настапи, го освои првото место со време од 57:19 секунди, што е само шест стотинки послабо време од нејзиниот личен рекорд.
Во квалификациите настапуваат вкупно 52 пливачки, а Миа сигурно ќе има подобро време барем од 11 кои досега завршија со квалификациите.