Луис Скола ги знае сите тајни на кошарката и повторно е меѓу надобрите на големата сцена, на Мундијалот во Кина. Иако има 40 години, познатиот аргентински центар им држи лекции на помладите од себе со старите добро познати финти во баскетот.
Има одличен пивот, со Факундо Кампацо се супер тандем во играта два на два, а со тркот што го направи од кош до кош на почетокот на мечот со Франција ги крена на нозе присутните во „Кадилак арената“ во Пекинг.
If @LScola4 doesn't inspire you, then I don't know what does 🤷♂️. #FIBAWC #ARGFRA@cabboficial 🇦🇷
📽 https://t.co/U6RPjx3FuZ pic.twitter.com/wdhteyUwAd
— FIBA Basketball World Cup 🏆 (@FIBAWC) September 13, 2019
По првото полувреме во второто полуфинале на СП Аргентина има предност од 7 поени, води со 39:32, а Скола е најефикасен на мечот со 13 поени и најдобар скокач со 10 фатени топки. Дабл-дабл за едно полувреме за големиот мајстор на кошарката од Аргентина што инспирира многу генерации вљубеници во баскетот.