Блескаше за Барселона и за една сезона освои три титули, а сега неговиот тим може да ги урне соништата на Каталонците

Барселона повторно е на четири бода зад Реал Мадрид во трката за титулата во Шпанија, откако Кралскиот клуб синоќа без многу проблеми со 2:0 славеше против Алавес. По овој триумф, Реал е чекор поблиску го титулата во Примера, затоа што до крајот остануваат само уште три кола.

За да продолжи онаа мала неизвесност Барселона вечерва треба да победи на гости кај Валјадолид. Домаќините се спасени од испаѓање, а немаат шанса ниту за излез во Европа. Токму затоа Валјадолид ќе игра опуштено и релаксирано, додека гостите ќе бидат под притисок да мора да ги освојат трите бода.

Валјадолид на свој терен како да се специјализира за нерешени, па во 17 средби има дури 10 средби без победник. Барселона титулата ќе ја загуби поради слабите игри на гости каде има само седум радости во 17 кола. Традицијата е апсолутно на страна на гостите кои имаат 11 победи во последните 12 дуели со Валјадолид. Во сите тие 11 меѓусебни дуели,

Интересно е што газда на Валјадолид е Роналдо. Бразилскиот фудбалски виртуоз го купи клубот и поседува 82 отсто од акциите. Роналдо како играч една сезона играше за Барселона и во тие неколку месеци стана шампион во Купот на Шпанија, Суперкупот на Шпанија, а го освои и трофејот во Куп на куп победниците во сезоната 1996/97.Ако некогаш се радуваше со Барселона, сега мисијата за Валјадолид е да му открине бодови во трката за трофејот, иако реално тоа ќе биде вистинско изненадување.

 

 

- Оглас -

Најнови вести