Блесна на Мундобаскетот, а сега доживеа страшна повреда (Видео)

Летонскиот плејмејкер Артурас Жагарс доживеа тешка повреда на пријателскиот дуел меѓу неговиот БЦ Волфс и екипата на Лијеткабелиса. Овој брз и пробивен кошаркар воодушеви со своите игри на Светското првенство кое неодамна се играше.

Летонија беше вистинска сензација на Мундобаскетот и на крајот стигна до петото место на планетарниот собир со шест победи и два порази. Жагарс беше вистински предводник во тој историски успех на Летонија која прв пат играше на Светско првенство и стигна до петото место. Имаше 12,4 поени, 2,6 скока и 7,4 асистенции по меч, а постави и рекорд кога направи 17 додавања на дуелот против Литванија.

Талентираниот 23-годишен кошаркар сега би требало да паузира до крајот на сезоната, откако заработи тешка повреда на коленото. При еден пробив на противничкиот кош, Жагарс незгодно згазна и ги скина лигаментите на коленото.

https://twitter.com/i/status/1713235549476032757

- Оглас -

Најнови вести