Блесок на Ембид, Филаделфија поведе против Торонто

По преселбата на серијаta во Филаделфија, Сиксерс со првиот триумф на домашен терен поведе со 2-1 против Торонто по убедливите 116:95. Сосема заслужена е победата бидејќи Филаделфија од стартот на мечот го диктираше темпото и во ниту еден момент не покажа слабост.

Одлична партија одигра Џоел Ембид, а камерунскиот центар конечно блесна откако во двата претходни дуели имаше скромен учинок со 12, односно 16 поени. Ембид сега комбинираше двоен учинок од 33 поени и 10 скока, со реализација 9/18 од поле, 3/4 за три поени, а утна само едно слободно фрлање од 13 обиди.

И Батлер се разигра, па заврши со 22 поени, а со 15 поени за победата придонесе Редик. Од редовите на Торонто повторно најефикасен беше Кавај Ленард, но неговите 33 поени не беа доволни за Торонто. Сијакам имаше солиден учинок од 20 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=cbBMqFs2SSU

Серијата од Источното полуфинале продолжува во ноќта меѓу сабота и недела, а Сиксерс се домаќини и во четвртата пресметка против Торонто, во која ќе се обидат да дојдат до убедлива предност и да бидат на чекор од пласман во конференциското финале.

- Оглас -

Најнови вести