Блесок на Ферари, Леклер зад себе го остави Верстапен, а Хамилтон е далеку послаб

Шарлс Леклер ќе стартува од пол позицијата на првата трка во Ф1 шампионатот, откако возачот на Ферари имаше најбрзо време во квалификациите за Голема награда на Бахреин. За Леклер ова е јубилејна 10-та пол позиција во кариерата.

Како што се очекуваше пред стартот на квалификациите, ова беше борба меѓу болидите на Ферари и Ред Бул, па на крајот, првите четири позиции ги зафатија возачите на овие два тима.

Зад Лекпер е актуелниот првак Макс Верстапен, а на третото место е Карлос Сајнц од Ферари додека четврти ќе биде Серхио Перес од Ред Бул. Седумкратниот светски првак Луис Хамилтон заврши на петото место во квалификациите.

- Оглас -

Најнови вести