Феноменални мечеви се одиграа рано утрово на Светското клупско првенство, двата завршија нерешено, па во осминафиналната рунда патуваат Палмеирас и Интер Мајами.
Ќе има бразилско осминафинале Палмеирас – Ботафого, а во Атланта ќе има спектакуларен меч на Мајами со ПСЖ, што значи дека Лионел Меси ќе игра против својот поранешен клуб.
Интер Мајами водеше 2-0 против Палмеирас, а Бразилците се спасија од можна елиминација во последните десет минути, кога постигнаа два гола.
Порто и Ал-Ахли одиграа неверојатни 4-4, но тој резултат значеше дека и двата тима се во аут. Хет-трик постигна фудбалерот од Палестина, Весам Абу-Али.
Порто во 89-тата минута израмни на 4-4, но на Ал-Ахли не му вршеше работа минимална победа од 4-3 и во тој случај ќе беа елиминирани.
Меси беше прилично тивок против Палмеирас, но одличен беше Луис Суарес, кој постигна мајсторски гол, со кој Уругваецот потсети на своите најдобри денови. Погледнете:
65′ Luis Suarez TAKE A BOW!!👏
Watch the @FIFACWC | June 14 – July 13 | Every Game | Free | https://t.co/i0K4eUtwwb | #FIFACWC #TakeItToTheWorld pic.twitter.com/QxfdBJUYUL
— DAZN Football (@DAZNFootball) June 24, 2025