Кенет Фундербург постигна неверојатни 40 поени за Болокотехна, а помладиот прволигаш од Гевгелија го доби локалното дерби против Кожув со 84:93.
Клучна за нов триумф на Блокотехна беше последната четвртина што гостите ја добија со 33:14 и направија комплетен пресврт, иако во последниот период од 10 минути влегоа со негатива од 10 поени.
Кожув играше сигурно 30 минути, водеше со 70:60 пред стартот на решавачката четвртина, но немаше решение за разиграниот Фундерберг, па загуби на крајот со 11 поени.
Работнички и МЗТ Скопје немаа проблеми против Гостивар, односно со Куманово. Работнички славеше со 99:70 против гостиварци, а лидерот МЗТ Скопје го декласира Куманово со 92:57 и го задржа првото место, пред Работнички, Болкотехна и Гостивар.