Блокотехна на чекор од фајнал форот, но и Кожув има свои сметки

Екипите на Блокотехна и Кожув по вторпат сезонава ќе имаат меѓусебно соочување на меѓународна сцена, во регионалната кошаркарска Балканска лига. Реткост се македонски пресметки во некое регионално натпреварување, па затоа и ова гевгелиско дерби, кое почнува во 18.30 часот, заслужува внимание.

Блокотехна е фаворит на хартија. По осум меча, има скор 6-2, ќе биде домаќин во „НБ Ноел“, а лесно го совлада Кожув во првиот меѓусебен дуел сезонава. Кожув има 2-6 по осум настапи, но ќе игра за својата чест.

Со победа, Блокотехна ќе се квалификува на фајнал форот, кој е закажан за шести и седми април во Софија, а засега сигурен учесник е и Берое, додека другите две места веројатно ќе ги пополнат Теута и Академик Бултекс. Блокотeхна ќе биде учесник на фајнал форот дури и ако загуби со помалку од 20 поени разлика.

Деби за Блокотехна во БИБЛ ќе има центарот Божо Ѓумиќ, додека кај Кожув, прво искуство во БИБЛ ќе има Јетмир Зеќири, кој дојде од Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести