Најдобриот спортист на Македонија за 2024 година, Бобан Илиоски, успеа да ја одбрани светската кик-бокс титула, откако во Женева го совлада претставникот на Франција, Кадри Мурсели.
Илиоски до појасот во ВАКО-Про до 88,6 килограми во категоријата К1, дојде и втора година по ред, откако минатата година во Скопје славеше над Турчинот, Берк Дузенли.