Барди очекува успех во Рејкјавик: Гладни сме за нови победи

Македонија утре во Рејкјавик игра мнгогу важен меч во квалификациите за настап на Мјндијалот во Катар следната година и со евентуална победа ќе остане сериозен кандидат за СП.

Енис Барди треба да биде еден од клучните играчи во изменетиот состав на националниот тим, кој остана без капитенот Горан Пандев и уште неколку искусни играчи.

„Ние што игравме на младинското Европско првенство одлично го познаваме селекторот Милевски, а и останатите репрезентативци полека се вклопуваат и ги прифаќаат неговите замисли и тактика и очекувам да одиграме добро и да забележиме добар резултат против Исланд. Треба да бидеме дисциплинирани и да ги почитуваме советите и концепцијата и тактиката на селекторот. Исланд е многу силна репрезентација, но многу работи ќе зависта од нашата игра. Одиме на победа. Потворно сме гладни за победи и можеме да постигнеме уште поголеми успеси. Фудбалот е таков, секогаш има нови предизвици и на нас е позитивни до одговориме со нов континуитет на успеси“, вели Барди.

Македонија по третпат ќе му биде гостин на Исланд и се очекува прва наша победа, по ремито 1:1 во 1996 и поразот од 1:0, 12 години подоцна.

Утре натпреварот од петтото коло во Ј групата за настап на Мундијалот во Катар ќе се игра во Рејкјавик од 18 часот.

„Ќе дадеме се од себе да дојдеме до позитивен резултат. Исланд добро го анализиравме. Искрено не заслужија пораз од Романците на претходниот меч и се работи за добар состав. Ќе сториме се да ги отстраниме грешките од претходниот меч со Ерменија и да забележиме добар резултат. Се наоѓаме во еден период на трансформација, имаме нови играчи, неколку искусни и проверени фудбалери веќе не играат, но не чуствуваме притисок. Ги познавам овие момци и верувам во нивниот квалитет. Секој следен меч е најважен и се надевам дека со добар резултат утре ќе останеме конкурентни за едно од двете места“, изјави селекторот Боби Милевски.

 

- Оглас -

Најнови вести