Вечерва добивме уште четири учесници во осминафиналето на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26, тоа се Бодо/Глимт, Њукасл, Баер Леверкузен и Атлетико Мадрид.
Иако ждрепката сè уште не е одржана, веќе е познато со кои ривали би можеле да се соочат овие екипи. Важно е да се нагласи дека сите тимови што се пласираа вечерва се наоѓаат на десната страна од костурот и таму ќе останат и по ждрепката во петок.

Потенцијални двојки:
Њукасл – Барселона / Челзи
Атлетико Мадрид – Тотенхем / Ливерпул
Бодо/Глимт – Манчестер сити / Спортинг Л.
Баер Леверкузен – Арсенал / Баерн Минхен
Утре ќе бидат познати и преостанатите четири учесници во осминафиналето, а во петок напладне ќе ги дознаеме комплетните двојки и целиот костур до самото финале.

