Сензација во Милано: Интер се набоде на Бодо/Глимт (Видео)

Норвешката сензација Бодо/Глимт направи уште едно чудо, го победи Интер на гости во Милано со 1-2 и се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите. По триумфот од 3-1 во Норвешка, тимот на Кнутсен успеа да слави и на „Џузепе Меаца“.

Интер имаше дури 30 шута кон голот на Бодо/Глимт, но фудбалерите на Кристијан Киву не беа ефикасни, а тоа гостите знаеја да го казнат.

Хауге во 58-мата минута донесе водство за Бодо/Глимт, а по еден смртоносен противнапад Хакон Евјен зголеми на 0-2 во 72-рата минута.

Алесандро Бастони постигна почесен гол за Интер во 76-тата минута, но беше предоцна за да се стори што било околу пласманот понатаму.

Њукасл го победи Карабах и во реваншот со 3-2, а Баер Леверкузен одигра 0-0 против Олимпијакос дома, но имаше два гола предност од првиот меч во Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести