Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа официјалниот тренинг на Арената „Тодор Проески“ пред утрешниот нов квалификациски предизвик против Казахстан. Бодот од Белгија е голем, но ќе го добие својот вистински ефект само ако утре биде надополнет со нови три бода од мечот со Казахстан.

Така Македонија ќе остане во сериозна игра за првите две позиции во групата за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Фудбалерите немаа многу време за одмор по враќањето од Белгија, но веќе се максимално фокусирани на утрешниот дуел. Победа е целта на Македонија.

Тренингот не го одработи Висар Муслиу, кој заработи повреда на мускулот против Белгија и нема да може да им помогне на соиграчите.
