Светското кошаркарско првенство во машка конкуренција стартува утре наутро, од десет часот, со првите мечеви и тоа на фаворитите од сенка за освојување на медали, Австралија и Италија, а Sport Life подготви богата понуда за своите обложувачи.
Специјалот на Sport Life има повеќе од 500 игри за верните обложувачи и љубители на кошарката, а исто така подготви и специјални игри за утрешните натпревари.
За мечевите Ангола – Италија и Финска – Австралија уште вечер може да се одиграат неколку игри, а најпопуларни се „плус-минус“ поени, скокови, асистенции.
Најголема ѕвезда во редовите на Австралија е бекот на Атланта хоукс, Пати Милс, за кого границата изнесува 14,5 поени, додека за Џејмс Гиди, кој игра за Оклахома сити тандерс, е за еден поен поголема. Кај противникот на Австралија, најголема ѕвезда е играчот на Јута џез, Лаури Марканен, од кого се очекува да биде најефикасен играч на мечот и границата за него изнесува 27,5 поени.
Италија е фаворит против Ангола, а најмногу поени се бараат од играчот на Јута џез, Симоне Фонтекио (18,5). Тука се и стандардните игри и за „плус-минус“ скокови и асистенции, а може да се одигра и кој ќе биде најдобар стрелец во својата репрезентација.
Комплетната понуда може да ја погледнете ТУКА.