Богато: 55-мина ракометни „бомбардери“ се најдоа во понудата на Sport Life (Фото)

Со денешните осум меча од групите Е, Ф, Г и Х завршува првата фаза на ракометното Светско првенство во Шведска и Полска. Најголема неизвесност според квотите кои ги нуди Sport Life треба да има на дуелите Белгија – Бахреин и Македонија – Аргентина.

За денеска, Sport Life нуди можност дури за 55-мина ракометари да погодувате дали ќе дадат повеќе или помалку голови од зададената граница. Летвичката највисоко е поставена кај Холанѓанецот Каи Смитс, на 7,50 гола, а еден помалку од тоа се бараат кај Германецот Кнор и Норвежанецот Бартолд.

Од македонските играчи, во понудата се Манасков, Кузмановски, Пешевски и Талески. За да ја надминат границата, крилото Манасков треба да даде барем 6, бекот Кузмановски 5, а пикерот Пешевски и бекот Талески 4 или повеќе голови. Останува опцијата да одиграте и дека ќе дадат помалку голови од поставената граница.

- Оглас -

Најнови вести