Постојано расте бројот на починати во трагедијата која се случи утрово во Кочани. Во пожарот кој се случи во дискотеката, загинаа повеќе од 55 млади луѓе, меѓу кои е и фудбалерот Андреј Лазаров.
Младиот 25-годишен играч на Шкупи, вчера беше на теренот и одигра 30-тина минути во дуелот против Пелистер. Лазаров вечерта заминал во Кочани и бил во дискотеката за настапот на дуото ДНК.
За жал, Лазаров е еден од многуте кои настрадаа, а на социјалните мрежи од Андреј се прости и македонскиот репрезентативен голгетер Бојан Миовски. „Почивај во мир брат мој“, е пораката која Миовски ја испрати како последен поздрав за Лазаров.