На натпреварот Лацио – Џенова кој се игра во моментов, на трибините на „Олимпико“ има само околу 2.000 гледачи, посета слична како во времето на Ковид-19 пандемијата.
Навивачите на Орлите од Рим на ваков начин изразуваат протест против лошото менаџирање на клубот од страна на претседателот Клаудио Лотито и слабото трошење пари за засилувања. Фановите на Лацио се собрани на мостот „Понте Милвио“ во близина на стадионот „Олимпико“ каде се игра мечот.
Интересно е дека поддршка им даде тренерот Маурицио Сари кој рече дека навивачите покажале дека многу го сакаат клубот и дека не им е сеедно што се случува.

