Боксерката, која ја обвинуваат дека е маж, обезбеди олимписки медал и се расплака во рингот

Алжирската боксерка Имане Келиф, која ја обвинуваат дека е маж, се пласираше во полуфиналето на олимпискиот турнир во категоријата до 66 килограми и така осигура олимписки медал. Келиф, која има „XY хромозом“, односно зголемено ниво на тестостерон, со едногласна одлука на судиите ја победи Унгарката Ана Лус Хамори.

Келиф апсолутно доминираше во сите рунди, а по победата се расплака и истрча во прегратка на тренерот Педро Диаз.


Алжирката ќе се бори за пласман во финалето против претставничката на Тајланд, Јањаем Суванапхенг.

- Оглас -

Најнови вести