Боливијците со огномет во 3.20 часот ги разбудија од спиење светските шампиони (Видео)

Навивачите на боливиската фудбалска репрезентација со огномети се обидоа да им го уништат сонот на аргентинските играчи.

Светските шампиони предводени од Лионел Меси пристигнаа во Ла Паз на надморска височина од 3.650 метри, каде што секогаш е тешко да се игра и место каде што Меси трипати гостувал и никогаш не дал гол. Гаучосите се сместија во хотел, но кога требаше најцврсто да спијат, во 3.20 часот наутро по локално време, им се случи пекол.

Околу хотелот почнаа да пукаат огномети и други пиротехнички средства кои правеа голема бука, па Аргентинците и сите во околината немаа мир.

Инаку, Меси ако даде гол вечерва, ќе стане рекордер во историјата на јужноамериканските квалификации за СП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести