Болниот вресок загрижува: Рудигер со крвнички старт врз Азар, настрада левата нога (видео)

Еден Азар и Антонио Рудигер беа соиграчи во Челзи две сезони, од ова лето повторно заедно ќе бранат бои на еден клуб во Реал Мадрид, но нивната нова соработка не започна добро.

На вчерашниот тренинг, Рудигер крвнички стартуваше врз Азар при една вежба и му ја удри левата нога, по што Белгиецот гласно вресна и ги загрижи присутните. Утрово Азар заврши на детални медицински прегледи за да се процени дали се работи за повреда.

https://twitter.com/kwamebenaiah/status/1550541001755959296

Скапото засилување на Кралевите од 2019 година е вистински малер. Цели три сезони се мачи со повреди и никако да заигра во континуитет. Кога Реал ги славеше титулите во Шпанија и ЛШ по крајот на минатата сезона, Азар им вети на фановите дека во новата кампања конечно ќе блесне во полн сјај, но овој инцидент со Рудигер донесе непотребни проблеми.

Инаку Азар речиси сигурно ноќеска ќе го пропушти пријателското Ел Класико против Барселона, кое ќе се игра во Лас Вегас како дел од претсезонските подготовки.

- Оглас -

Најнови вести