2608 Малме – Елфсборг (Алсвенскан, Шведска, 19.10 часот)
Малме ќе оди на хет-трик титула во Шведска откако беше шампион и преклани и лани.
Домашниот тим е и рекордер во Шведска со 22 круни и во овој милениум со 8 титули успеа да го престигне на врвот на вечната листа 18-кратниот првак Гетеборг, кој освои само еден шампионски пехар во 21 век.
Тимот за којшто игра македонскиот репрезентативец Ердал Ракип, пак, е рангиран како топ-фаворит и го почна првенството победнички.
Се очекуваше и Елфсборг, кој има 6 титули и е во топ-10 најтрофејни екипи во земјата, да парира, но стартот му беше лош, со пораз дома од Мјалби.
Малме е во серија од 7 победи по ред во сите натпреварувања и типуваме дека ќе ја продолжи серијата.
Предлог тип: 1 (1.60)
2840 Анталијаспор – Хатајспор (Суперлига, Турција, 19.30 часот)
Двете екипи се во одлична форма и имаа убави серии без пораз во обид да стигнат до настап во еврокуповите.
Домаќините имаат низа од четири победи, а им треба и петта за да останат во игра за пробив до четвртата позиција, што последна води во Европа.
Анталијаспор моментно е на 10-тото место со 44 бода, 9 помалку од Башакшехир, кој е на четвртото место.
Хатајспор е пред денешниот ривал на осмата позиција со 48 бода и со подобри шанси од Анталија за европски настап.
Интересно е што повеќе од половина голови ги постигна дуото Каби-Диуф. Целиот тим даде вкупно 48 гола, а Мароканецот и Сенегалецот заедно постигнаа 25.
Каби е и прв стрелец во Лигата со 15 погодоци и бие битка за титулата Крал на стрелците во Турција.
Формата на двете екипи и одличните напаѓачи ветуваат меч со многу голови и ќе типуваме дека ќе има барем два гола во првото полувреме и најмалку четири на целиот меч.
Предлог тип: 2+I&4+ (4.50)
3020 Бреша – Парма (Серија Б, Италија, 20.30 часот)
Ова е меч на сè или ништо и за двете екипи, а бодовите за Бреша можат да значат директен пласман во Серија А и настап во бараж за Првата лига за Парма.
Горан Пандев и соиграчите од Парма немаат што да загубат бидејќи шансите за пробив во Топ-8 екипите што ќе се борат за влез во Првата лига им се мали.
Со серија од 9 меча без пораз се пробија до 12-тото место со 45 бода, 9 помалку од Фрозиноне, кој е осми на табелата.
Денеска мора да одат на победа ако сакаат во последните четири кола да се надеваат на подвиг и настап во баражот, во кој ќе играат екипите од третото до осмото место за последната трета виза за Серија А
Бреша има само еден пораз во последните 17 кола во Серија Б и е во топ-форма што им ја дава улогата на фаворит против Парма.
Ако победи Бреша, ќе се пробие на четвртото место со 61 бод, само 4 помалку од лидерот Лече и по два помалку од Монца и Кремонезе.
Целта им е да бидат барем втори, што гарантира камбек во Серија А. И двете екипи немаа простор за калкулации, мора да се оди на победа, што ветува ефикасен меч.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.10)
3615 Болоња – Сампдорија (Серија А, Италија, 20.45 часот)
И двете екипи како едвај да чекаат да заврши скромната сезона за нив во Серија А. Болоња потона во последните десетина кола и има само една победа на 11 меча.
Сампдорија има само 3 победи и дури 10 порази во 2022 година и сè уште нема обезбедно опстанок.
Гостите денеска не смеат да загубат во Болоња бидејќи 7 бода предност пред загрозените Венеција и Џенова не е преголема гаранција за опстанок.
Болоња е сигурна со 34 бода, но игра слабо, па ќе типуваме дека мечот ќе заврши без победник и ќе заврши серијата од 13 меѓусебни натпревари на кои победувала или Болоња или Сампдорија.
Предлог тип: Х (3.30)
1360 Рајо Валјекано – Валенсија (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)
Столе Димитриевски и соиграчите од Рајо Валјекано имаа црна серија од ??? меча без победа во новата година и сè уште се без триумф во Ла Лига во 2022 година.
Последниот триумф им е на 16 декември лани против Алавес и оттогаш почнаа несупесите и серијата од 11 натпревари на кои не победиле.
Тоа ги доведе од комотна до опасна позиција на табелата само со пет бода повеќе од Кадис и со по 11 од Леванте и Алавес, три екипи кои би испаднале ако остане ваквата позиција на табелата на крајот од шампионатот.
Валенсија има скромна сезона во Ла Лига, но нема грижи за опстанок и се подготвува за најважниот меч, финалето на шпанскиот Куп против Бетис на 23 април во Севилја.
Лилјаците имаат серија од шест меча без пораз, но сите мисли се сега насочени кон Севилја и стадионот „Картуха“, каде што ќе се обидат да ја спасат сезоната со пехар во Копа дел Реј.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.65)