Победата од 2-1 беше и повеќе од доволна за Болоња на убедлив начин да го елиминира Емполи и да се пласира во финалето на Купот на Италија. Болоња првиот меч го доби со 3-0 и после 51 години ќе игра финале во ова натпреварување.
Болоња до вечерва немаше примено гол во Купот оваа сезона и заслужено е финалист.
Противник на Болоња во финалето ќе биде Милан кој од 2003 година го нема освоено Купот, па тоа ќе биде меч за пехар помеѓу два тима кои одамна не триумфирале во ова натпреварување.