Болоња четири месеци немаше победа, а сега се радуваше на теренот на Интер

Интер ја продолжува кризата, откако на свој терен загуби од Болоња со 0:1. Болоња е тим кој се бори за опстанок и досега имаше само две победи во Серија А, но вечерва се радуваа на „Џузепе Меаца“. Ова е прва победа на гости за Болоња во оваа сезона и тоа во 12-то гостување.

Сантандер даде гол во 32 минута за радост на гостите, а Интер до крајот не успеа да ја пробие одбраната на Болоња. Ова е трет меч по ред во Серија А, на кој Интер не може да даде гол. По ремито 0:0 со Сасуоло, следуваше поразот од Торино, а сега загуби и од Болоња. Во меѓувреме, Интер беше елиминиран и од Купот на Италија од Лацио.

Интер вечерва играше со дресови на кои на кинески јазик беа испишани презимињата на играчите, но и тоа не помогна да се израдуваат.

- Оглас -

Најнови вести