Болоња го понижи Лацио, Наполи немаше муниција, но се израмни со Интер на врвот на табелата

Болоња уште еднаш покажа дека не случајно е на позиција која води излез во Лигата на шампионите за следната сезона, откако убедливо со 5:0 го победи Лацио во меч од 29 коло на Серија А. Домаќините во првото полувреме постигна еден погодок, а вистинско гол-шоу имаше во вториот дел. Болоња погодуваше во 48, 49, 74 и 84 минута за убедлива победа. Лацио остана со 51 бодови и е на шестото место.

За разлика од Болоња која немаше милост кон противникот, Наполи не успеа да го скрши отпорот на Венеција и дуелот заврши без голови. Со тој освоен бод, Наполи стигна до 61 бодови и се израмни со лидерот Интер.

Интер вечерва гостува кај Аталанта во Бергамо. Доколку Аталанта победи, тогаш овој тим ќе стигне до 61 бодови и ќе се израмни со Нераѕурите и Наполи на врвот на табелата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести