Болоња ита кон Лигата на шампионите, Наполи продолжува со слаби изданија

Триумфот на Болоња од 2-0 на гостувањето кај Наполи, потврди дека болоњезите се многу блиску до место во Лигата на шампионите, и дека ланскиот првак Наполи овојпат има катастрофална сезона.

Наполитанците имаат дури 41 бод помалку од првопласираниот Интер, а веројатно ќе мора да се задоволат со настап во Конференциската лига следната сезона.

Наполи прими два гола во првите 15 минути игра од првото полувреме во Серија А за прв пат од 7 март 2010 година, а и тогаш исто така против Болоња. При 0-2, во 21-ва минута Политано утна пенал и стана јасно дека на Наполи не му е денот и дека ќе врзе пет меча по ред без победа.

- Оглас -

Најнови вести