Болоња пак ја прегази Сампдорија

Болоња доминира во дуелите со Сампдорија и денеска ја забележа и петтата победа по ред против ривалот од Џенова. Муса Бароу и Матијас Сванберг беа расположени за игра и со по еден гол и асистенции ја предводеа Болоња до триумф од 3:1.

Двете екипи што имаа серија од 11 меча без нерешен резултат, денеска ја продолжија низата, а домаќините беа поусшешни на „Ренато Дал Ара“.

Бароу и Сванберг со по еден гол во првото полувреме најавија и дека серијата победи на Болоња против Сампдорија ќе продолжи и денеска, а гостите од Џенова успеаја само да постигнат почесен гол, преку Квалјарела во 37. минута.

Печат на победата на Болоња стави Соријано со гол во 70. минута,а бодовите значат многу за неговиот тим. Болоња е на 12. место со 31 бод, 11 повеќе од Торино и е речиси безбедна во битката за опстанок во Серија А.

Сампдорија остана на 11. место со 32 бода.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести